Saturday, April 29, 2017
Пелистерски Очи
Пелистерските Очи се леднички езера на Пелистер. Тие се две на број и се нарекуваат уште и Големо и Мало Езеро. Големото Езеро се наоѓа на надморска височина од 2.218 м, долго е 233 м, а широко 162 м. Малото Езеро се наоѓа на надморска височина од 2.180 м долго е 79 м а широко 162 м. Големото е длабоко 14,5 м а малото 2,6 м. Веднаш крај Големото Езеро има планински дом со капацитет од 50-100 легла и прекрасни терени за планинарење, алпизам, планински велосипедизам и спортување. До езерата може да се стигне од две страни по две одлично обележани планинарски патеки. Едната патека води од село Нижеполе од месноста Лак Поток (бараки) или ски-лифтот преку пределот Дебел Рид, а другата по која може да се движат и џипови и теренски возила започнува од хотелот „Молика“ и преку месноста Јоргов Камен, минувајќи зад Малото Езеро завршува кај планинарскиот дом до самото Големо Езеро. До Малото Езеро води и добро обележаната планинарска патека која води од планинарскиот дом на Големото Езеро (1 до 1,5 часа) кон највисокиот врв на целата планина - Пелистер (антени) висок 2601 метар. Во Големото Езеро живее и малуброен ендемски вид на риби. Во летниот период во студените води на двете езера често се капат многу посетители и планинари. Единствената точка од која може во видикот да се здогледаат двете езера се наоѓа веднаш штом се искачи на котата односно сртот над планинарскиот дом на Големото Езеро на патеката која води за врвот Пелистер и Малото Езеро.
ГОЛЕМО ЕЗЕРО
МАЛО ЕЗЕРО
Историја за компјутерите
Прва генерација компјутери

За прв електронски компјутер се смета ENIAC. ENIAC имал вградени 18 000 електронски ламби, зафаќал простор од 150 м квадратни, тежел 30 тони, постојано работел-не се исклучувал и се расипувал на секои 7 минути и имал посебни уреди за ладење, поради преголемото загревање.
- Компјутерите од првата генерација за обработка на податоци користеле електронски лампи.
- Тие биле огромни, зафаќале цели катови и трошеле многу електрична енергија, работеле бавно и помнеле малку податоци.
Втора генерација

- Компјутерите од втората генерација користеле транзистори
- станале помали, поевтини, помалку се загревале и трошеле помалку енергија
- имале поголема меморија и работеле и до дестпати побрзо.
- имале меморија слична на денешната, магнетен диск и печатач.
- започнал и развојот на програмските јазици.
Компјутерите од третата генерација користеле интегралното коло- биле многу помали и побрзи од компјутерите од првата и од втората генерација.
- користеле монитор и тастатура
- за прв пат се појавил оперативен систем − програма што управувала со компјутерот
Четврта генерација

- Во нив е вграден нов елемент − микрочип.
- Микрочипот е парче силициум на кое се спакувани милиони транзистори и други електронски елементи и може да извршуваат неколку милиони операции во секунда.
- Компјутерите во кои се вградени микрочиповите ги нарекуваме микро-компјутери т.е персонални компјутери.
Првиот персонален компјутер (PC) е произведен Во 1975 година во Америка.- Бил направен од Стив Џобс и Стив Вознијак и се викал Apple I (Ејпл 1).
Subscribe to:
Comments (Atom)