Saturday, April 29, 2017

Тешко оро

Во видеото што следува ќе го видите ТЕШКОТО ОРО!!

 

Пелистерски Очи

Пелистерските Очи се леднички езера на Пелистер. Тие се две на број и се нарекуваат уште и Големо и Мало Езеро. Големото Езеро се наоѓа на надморска височина од 2.218 м, долго е 233 м, а широко 162 м. Малото Езеро се наоѓа на надморска височина од 2.180 м долго е 79 м а широко 162 м. Големото е длабоко 14,5 м а малото 2,6 м. Веднаш крај Големото Езеро има планински дом со капацитет од 50-100 легла и прекрасни терени за планинарење, алпизам, планински велосипедизам и спортување. До езерата може да се стигне од две страни по две одлично обележани планинарски патеки. Едната патека води од село Нижеполе од месноста Лак Поток (бараки) или ски-лифтот преку пределот Дебел Рид, а другата по која може да се движат и џипови и теренски возила започнува од хотелот „Молика“ и преку месноста Јоргов Камен, минувајќи зад Малото Езеро завршува кај планинарскиот дом до самото Големо Езеро. До Малото Езеро води и добро обележаната планинарска патека која води од планинарскиот дом на Големото Езеро (1 до 1,5 часа) кон највисокиот врв на целата планина - Пелистер (антени) висок 2601 метар. Во Големото Езеро живее и малуброен ендемски вид на риби. Во летниот период во студените води на двете езера често се капат многу посетители и планинари. Единствената точка од која може во видикот да се здогледаат двете езера се наоѓа веднаш штом се искачи на котата односно сртот над планинарскиот дом на Големото Езеро на патеката која води за врвот Пелистер и Малото Езеро.

 ГОЛЕМО ЕЗЕРО


МАЛО ЕЗЕРО


Историја за компјутерите


Прва генерација компјутери

Eniac
За прв електронски компјутер се смета ENIAC.  ENIAC имал вградени 18 000 електронски ламби, зафаќал простор од 150 м квадратни, тежел 30 тони, постојано работел-не се исклучувал и се расипувал на секои 7 минути и имал посебни уреди за ладење, поради преголемото загревање.
    vacum tube
  • Компјутерите од првата генерација за обработка на податоци користеле електронски лампи.
  • Тие биле огромни, зафаќале цели катови и трошеле многу електрична енергија, работеле бавно и помнеле малку податоци.

Втора генерација

IBM 1620 transisitors
  • Компјутерите од втората генерација користеле транзистори
  • станале помали, поевтини, помалку се загревале и трошеле помалку енергија
  • имале поголема меморија и работеле и до дестпати побрзо.
  • имале меморија слична на денешната, магнетен диск и печатач.
  • започнал и развојот на програмските јазици.
Трета генерација
IBM 360Компјутерите од третата генерација користеле интегралното коло
    integrated circuit
  • биле многу помали и побрзи од компјутерите од првата и од втората генерација.
  • користеле монитор и тастатура
  • за прв пат се појавил оперативен систем − програма што управувала со компјутерот

Четврта генерација

vlsi
  • Во нив е вграден нов елемент − микрочип.
  • Микрочипот е парче силициум на кое се спакувани милиони транзистори и други електронски елементи и може да извршуваат неколку милиони операции во секунда.
  • Компјутерите во кои се вградени микрочиповите ги нарекуваме микро-компјутери т.е персонални компјутери.
Apple1Првиот персонален компјутер (PC) е произведен Во 1975 година во Америка.
  • Бил направен од Стив Џобс и Стив Вознијак и се викал Apple I (Ејпл 1).
Денес се развиваат и користат и компјутери од т.н. Петта генерација компјутери, кои имаат способност за паралелна работа. Исто така, се развива и Шеста генерација компјутери т.н. невронски комијутери, чија работа е слична со работата на невроните во човечкиот мозок и се очекува ова да биде идна генерација на компјутери.